ШОКОВА СОСТОЈБА
Шок е општа реакција на организмот при тешки трауми кој предизвикува
сериозни пореметувања ба сите витални функцииво прв ред на кардиоваскуварниот
систем.Независно од причината што доведува до шок, шокот се изразува со намален
прилив на крв во срцето, а со тоа и со намелено количество на крв што срцето го
иститснува.Симптоматологијата настанува како резултат на многу слабиот ефект на срцевата
работа, кое на може да го исполни артериелното стебло со крв и да има доволен
притисок за да може крвта во доволно количество да допре во сите органи, поради
што ткивата не добиваат потребно количество н акрв и кислород,Шокот претставува
состојба на хипотонија, а се дефинира како периферна циркулаторна
инсуфициенсција при која прокрвареноста на ткивата е недоволна за да ги
задоволи нутритивните потреби на клетката и да ги отстрани крајните продукти на
метаболизмот на ткивата.Причини за појава на шок можат да бидат најразлични ,
но крајниот ефект е секогаш ист.Најчести причини се:
1.Масивни крварења при трауми или други патолошки процеси без оглед дали
крварењата се внатрешни или надворешни.
2.Тешки повреди со згмечување на делови на телото или големи
фрактури(фрактура на карлица, фемур).
3.Дехидратација и секвестрација на течноста(при опекотини, илеус,перитонити).
4.Акутна коронарна инсуфициенција-инфаркт како и компресија на срцевите
атриуми(тампонада на срце).
5.Пореметување на рамнотежата на вегетативниот нервен систем како и
аферентни вегететивни имплуси.
6.Алергични состојби(anaphylaxia)
Разликуваме неколку видови на шок, без оглед на нашето сознание дека
крајниот ефект при сите врсти предизвикувачи е ист.
Хиповолемичен(олигемичен,хеморагичен)-настанува
после крварења, поопсежни опекотини, цревни опструкции.Овој шок е последица на
намален циркулаторен волумен поради загуба на крв, плазма и течности.Се
карактеризира со зголемен периферен
отпор, тахикардија
Кардиоген шок –настанува после
инфаркт, тешка срцева аритмија, тампонада на срце.Основен проблем овде е
откажување на срцевата работа со намлување на срцевиот ударен волумен.Венската
крв се насобира зад срцето па венскиот притисок и периферниот отпор е зголемен
Неуроген шок –примерен шок
синкопа настанува после нагло зголемување на дејството на автономните имплуси
на артериите поради што доаѓа до ваодилатација.Крвта се задржува во
периферијата.Крвната циркулација цо ЦНС и во срцето се намалува, поради што
доаѓа до несвестица.
Септичен шок настанува од
тешки инфекции(перитонит,менингит).Поради токсичното дејство на бактериите
настанува оштетување на капиларите и генерализирана капиларна
пропусливост.Течноста бега во интерстициумот поради што настанува
хиповолемија.Периферниот отпор е смален, срцевата акција депримирана поради
токсичното дејствие на инфекцијата на срцето.
Останати видови
на шок- анафилактичен, инсулински, шок поради белодробна емболија и други
некласфицирани видови на шок.
Клиничка слика на
шок
Клиничката слика на шокот зависи од тоа во која фаза шокираниот ќе го
набљудуваме.Непосредно после повредата се јавува нервно-психичка
раздразливост.Тоа е еуфоричната фаза на шокот.Шокираниот е вознемирен, брзо
и бурно реагира, вика и неповрзано зборува.Еуфоричен е , оптимист па не ја
согледува својата тешка состојба.Кратко време повредениот привидно се смирува и
опоравува, а потоа клиничката слика се влошува во смисол на еден латентен шок-повредениот е мирен,
слабо реагира, крвниот притисок е во пад, пулсот постепено се забрзува.После
овој краток период настапува карактеристична слика на манифестен шок во која состојба најчесто ги гледаме
повредените,Повредениот е блед со бледо-сивкаста нијанса на кожата на лицето,
студена оросена со студена леплива пот.Усните, ушните школки, прстите на рацете
и нозете , носот се студени, бледоцијанотични.Свеста е сочувана но шокираниот е
апатичен, гледа тапо и незаинтересирано, или реагира или не реагира тромо,
брадапсихично.Пулсот е забрзан, слабо полнет, често одвај опиплив.Крвниот
притисок е низок, а понекогаш е и немерлив.Дишењето е забрзано, површно и
неправилно.Има намалено лачење на мочката-олигурија до анурија, а понекогаш е
пристуно и гадење и повраќање.
Лекување-Губиток на
крвниот волумен име централно значење за развиток на шокот од било кој вид, па
од тоа следи основното барање на лекувањето, надоместувањето на соодветниот
крвен волумен, најдобро е со трансфузија на крв.Се даваат средства против болка
и седативи и детоксикација на организмот и конечно борба против инфекцијата
поради намалена отпорност од инфекција на организмот.
Прва помош-отстранување на причините за
шокот(хемостаза,имобилизација,давање на средства против болка).
-Брз транспорт до најблиската хируршка установа каде ќе се спроведе
понатамошното лекување, по можност со транспортна инфузија.
-Транспортот треба да е внимателен баз да му се причинуваат дополнителни
трауми на пациентот.
Лекувањето на шокираниот во медицнска установа тесно е поврзана со
активноста на медицинската сестра.Таа треба постојано од почетокот па до крајот
на лекувањето да е заангажирана со болниот и добар дел од исходот зависи од
активноста на медицинската сестра
No comments:
Post a Comment