ТРАНСФУЗИЈА НА
КРВ
Ако организмот
загуби крв во поголемо количество на
било кој начин , тешко може сам да ја надомести.Загубената крв може да се
надомести само со крв од друг човек.Дали повредениот ќе ја преживее траумата или
болниот ќе ја преживее операцијата честопати повеќе зависи од доволното
количество на крв дадено по несреќата или за време и после оперативниот зафат
отколку од самиот оперативен зафат.Заради тоа секое хируршко одделение е
преокупирано и со набавка на доволно количество на крв, кое го овозможува
нормалното работење на одделението со една единствена цел за да му се помогне
на болниот и унесреќениот.
Давање на крв од еден човек на друг се вика трансфузија
на крв.
Обиди за
трансфузија на крв правени се одамна , но настапувале многу инциденти честопати
до фатален завршеток, се до момент додека не се дошло до сознание дека луѓето
немаат еднаква врста на крв и не е така безопасно да се внесува крв од еден
човек во циркулацијата на друг човек.Тоа се овозможило со откривањето на
крвните групи.Откривањето на крвните групи и разработка на безбедни методи за
трансфузија на крв е најголемото достигнување на медицината во овој век кое го
овозможува развитокот на современата-модерна хирургија.Големите достигнувања кои
ги бележи хирургијата денес се резултат на трансфузијата на крв.
Ланстеинер
1900-1902 година ги открива крвните групи(АВО
системот)-најголемо допринесување во хируршката пракса во овој век, кој
нему му донесува Нобелова награда, а на човештвото непроценлива метода во
лекувањето на настраданите и болните.Нешто подоцна 1940 година Ланстеинер и
Виенер го откриваат Rh факторот што е
голем чекор напред во запознавање на својствата на крвта и отклонување на
можните компликации при трансфузија на крв.
Трансфузијата на
крв може да биде:
Директна-кога со
специјална направа се дава крв директно од човек на човек-од циркулацијата на
дарителот во циркулацијата на примачот.Директната трансфузија денес како метода
е отфрлена поради опасностите што во себе ги крие.
Индиректна-како надобра и
најсигурна метода денеска редовно се применува.Индиректната трансфузија
всушност претставува давање на конзервирана крв.Конзервираната крв доаѓа во
шишиња на кои е залепена етикета со означена крвана група Rh фактор и датум
кога е земена крвта од дарителот и припремана.За лесно препознавање може на
етикаетата, крвните групи да се обележани со разни бои,а може да стио и името
на дарителот.
КРВНИ ГРУПИ
Разликуваме 4
крвни групи : ,,А” , ,,B” , ,,AB” ,
и ,,O”(нулта).Секоја крва група може да биде Rh-позитивна( Rh +) и Rh-негативна(Rh-).
Кога некој треба
да прими крв, неопходно е крвта да биде од иста крвна група, во колку не може
да настане аглутинација на еритроцитите и примачот на крвта да
умре.Аглутинацијата е реакција која настанува помеѓу аглутенигенот кој се наоѓа
во еритроцитите и ја одредува крвната група и аглутанинот кој се наоѓа во
серумот(плазмата).Во човечката крв постојат два аглутиногени, аглутиноген ,,А” и аглутиноген,,B” и два типа
аглутенини-аглутенин анти ,,А” и аглутенин анти
,,B”.Крвната група е
карактеристична за секој човек, се наследува од родителите и не претрпува
никакви промени во тек на животот.Се одреда според присуството или отсуството
на аглутиноген во еритроцитите.
Врз основа на
многубројни испитувања утврдено е дека крвната група ,,O”(нулта), која во своите еритроцити
нема аглутиногени, може да се даде на сите други крвни групи.Мешутоа луѓе со
крвна група ,,O” не смеат да
примаат крв од ниедна друга крва група освен од својата поради присуството на
аглутанини во другите крвни групи.Поради ова својство , крвната група ,,O”(нулта) е
наречена универзален давател.
Луѓето со крва
група ,,AB” во серумот
немаат аглутинини.Заради тоа можат да примаат крв од сите крвни групи, но не
смеат да дадат на ниедна друга поради тоа што во еритроцитите ги имаат давата
аглутенини.Поради тоа својство крвната група ,,AB” е наречена универзален примач.
Крвната група ,,А” може да даде крв
само на крвната група ,А” и ,,AB”, а да прими крв
само од ,,А” и ,,O”.
Крвната
група ,,B” може да даде само на крвната група ,,B”и крвната група ,,AB”, а да прими крв од својата односно крвната група ,,B” и од крвната
група ,,O”.
Поради односот на
аглутиногени и аглутинини, на пример крвните групи ,,А” и ,,B” не се
поднесуваат меѓу себе, така да човек со крва група ,,А” не смее да прими
крв од ,,B” и обратно.
Одредувањето на
крвната група е многу одговорна работа.Секоја и најмала грешка можа да бите
фатална.По правлио се врши во специјални за таа цел лаборатории во институтите,
станиците или кабинетите за трансфузија на крв.Исклучоци има кога се налага
итна проверка или одредување на крвната група на полчка, кое може да се изврши
и на самото место, во болничката соба, на терен и т.н медицински лица кои ја
вршат таа работа треба да се добро обучени и да ја познаваат во детали
проблематиката и да се обликуваат со високи хумани и морални квалитети.
Конзервираната
крв доаѓа во шишиња од 350 и 125 ccm(мали пакувања)/Се чува во фрижидер на температура од +4
до +8 степени Целзиусови.Трансфузијата на крв , поради својата ефикасност денес
е многу применувана метода на лекување во сите гранки на медицината, осбено во
хирургијата.Нејзиниот ефект во најголем број случаи е живоспасувачки и многу
бргу се покажува.Секоја трансфузија носи со себе одреден ризик кој може
понекогаш да има тешки последици за болниот.Можните компикации се секогаш
последица на пропуст, грешка или незнаење на било кое ниво .Тие се или поради
билошкото неслагање на крвта, технички грешким при трансфузијата или поради
погрешната индикација.Трансфузијата ја ординира лекарот, ја спроведува
медцинксата сестра под постојана контрола на лекарот,Сестрата е должна за цело
време на спроведувањето да го контролира болниот и при секоја реакција да го
информира одговорниот лекар.Од голема важност е постапката на медицинската
сестра пред, за време и после трансфузијата на крвта.Таа апсолутно треба да се
придржува на сите каутели на асепса, да се грижи за системот на трансфузија, да
ја прати брзината на течење на крвта и да ги прати реакциите на болниот и
апсолутно се придржува на постоечката медицинска документација во врска со
трансфузијата.
No comments:
Post a Comment